Цела противничка екипа тргна да го тепа среде кошаркарски меч (видео)

Натпреварот меѓу украинските кошаркарски клубови Одеса и Термопил требаше да биде пријателски, но сосема неочекувано го одбележа масовна тепачка на кошаркарите на двата клуба.

Инцидентот се случи во последната четвртина, кога по еден дуел центарот на Термопил го закачи во пределот на главата еден од противничките кошаркари. Веднаш реагираше еден од Американците во таборот на Одеса, почна тепачка меѓу него и центарот на противничкиот тим во која за само неколку секунди се вклучија и уште десетина други кошаркари.

Во еден момент цел тим на Термопил тргна да го тепа темпераментниот Американец, кој бегаше по теренот…

Се вчитува...