Првата борба на Мајк Тајсон во рингот по 15 години против Рој Џонс заврши без победник, но „Челичниот Мајк“ во неколку наврати покажа зошто беше најмладиот шампион во тешка категорија.
Тајсон изгледаше одлично во рингот, во неколку рунди Џонс немаше одговор, а практично и бегаше само да ги избегне ударите на „дедото“. Иако е во шестата деценија од животот, контроверзниот Тајсон покажа дека се уште има експлозивност, но и сила во неговите удари.
„Тешко е да се примаат удари од Мајк. Треба да видам со семејството дали ова би го повторил повторно“ – беа првите зборови на Џонс по борбата.
Iron Mike at 54 years old? #TysonJones pic.twitter.com/ZQVaWYE3P9
— Adam ? (@Oles_Time) November 29, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА