Дали го помните Џејмс Харден со кратка брада? Најверојатно не, но во САД за сликата на суперѕвездата од неговата „руки“ сезона се подготвени да платат и 50 илјади долари, односно сума која Македонец кој прима просечна плата за истата треба да работи дури осум години.
Брендираната сликичка на Панини, беше објавена на „И-беј“ на 24. ноември со почетна цена од 99 центи, а по два часа веќе достигна сума од 3,500 долари. Дополнителна вредност на сликичката даде и потписот на Харден, па до крајот на аукцијата истата имаше 58 надавања и цената достигна 50,101 долар.

Сликичката на Харден не е ни најскапата која била продадена на аукција. Сликичката на Мајкл Џордан од 1986 година се продаде за цена од 600 илјади долари, додека сликичката од првата сезона на Гркот Јанис Адетокумбо достигна цена од 2 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

