Икер Касилја и Сара Карбонеро не се повеќе заедно. Тоа што пред неколку денови беше најавено од шпанските медиуми, го потврди самата Сара.
„Икер и јас сме горди на тоа што го имавме, и на љубовта која ја делевме сите овие години. Нашата љубов оди сега по различни патишта, но не и далечни затоа што ќе продолжиме заедно низ прекрасната задача да бидеме предани родители како и досега. Беше ова тешка одлука, но заеднички ја донесовме“ – напиша Сара во својата објава и дополнува:
„Почитта и пријателството меѓу нас ќе останат засекогаш. Приоритет ни е да ги заштитеме децата како би израснале во здрава средина“.
View this post on Instagram
Љубовта меѓу Икер и Сара траеше 11 години. Шест години беа во брак и имаат две дечиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА