Цела Италија го слави Лео Бонучи по неговото фантастично издaние во финалето на ЕВРО 2020, а неговата сопруга Мартина Макари од сосема поинаква причина го очекува враќањето на асот на Јуве назад во својот семеен дома.
„Цели триесет дена без Лео. Сега дури и корката од лебот ми изгледа секси“, напиша Мартина на својот инстаграм-профил.
Иако Италијанците голем дел од европскиот шампионат го минаа во татковината, правилата на УЕФА налагаа „балон“ и немање никаков контакт со сопругите и девојките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА