Мауро Икарди и Ванда Нара повеќе не се заедно, вели „бомбата“ од Аргентина, повикувајќи се на извори блиски до семејството.
Ванда во изминатите 48 часа двапати напишала, па избришала порака на својоф профил, обелоденувајќи дека фудбалерот ја изневерил.
„Уште едно семејство што го уништи поради кучка“, гласи пораката што Нара повторно ја избришала и веќе не може да се најде на нејзиниот инстаграм-профил.
Блиски пријатели го потврдуваат неверството за аргентинските таблоди, обелоденувајќи го и идентитетот на новата девојка на Икарди, аргентинската актерка Марија Еугенија Суарез.
И таа е во брак и има деца исто како и Икарди, но очигледно тоа не им пречело да почнат заедничка врска.
Дел од медиумите тврдат дека Ванда и Мауро Икарди повеќе не живеат заедно во Париз и дека самиот фудбалер ставил крај на бракот, по што сега ќе следи развод и делба на богатството што Аргентинецот го заработи додека беше заедно со оваа убавица, која во меѓувреме му стана и менаџерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА