Сапуницата за „фудбалскиот пар“ Мауро Икарди и Ванда Нара добива и нови размери откако во целата приказна влегол и италијанскиот музичар Ерос Рамацоти. Аргентинската убавица по разделбата во фудбалерот сакала да му врати „мило за драго“ на сопругот со 57-годишникот.
Овие детали ги објави нејзината пријателка Јанина Латоре која откри дека музичарот постојано ја контактирал Ванда и сакал да ја утеши во тешките моменти, а тоа дефинитивно не му се допаднало на Икарди.
Како потсетување оваа „сапуница“ трае речиси месец дена, а истата излезе откако Ванда Нара го фатила на дело нејзиниот сопруг како флертува со Аргентинката Еугенија Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА