Вистината зошто Кристијано Роналдо никогаш не откри кои се мајките на неговите три деца

Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Крситијано Роналдо користел замрзнати ембриони за да ги создаде своите наследници. Роналдо има четири деца, а наскоро ќе се родат и две близначиња кои тој ги зачна со својата девојка Георгина.

Аргентинската манекенка, а сегашна сопруга на Роналдо, го роди четвртото дете на Кристијано, Алан Мартин (4). Пресреќниот Португалец од неодамна најави дека неговата сакана наскоро ќе донесе близнаци на светот. Покрај Кристијано Јуниор (11) и првите близнаци Ева и Матеа (4) беа зачнати исто така преку вештачко оплодување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Има безброј шпекулации зошто Роналдо се уште не го открил идентитетот на мајката на неговите први близнаци и Јуниор. Сепак, вистината ја знае само Португалецот, кој истакна дека никогаш никому не му кажал и нема да го стори тоа.

Вистината зошто досега Роналдо не ги открил мајките на неговите деца ја открива водечката американска адвокатка во областа на сурогат родителството, Стефани Кабаљеро, која верува дека Роналдо е секако биолошкиот татко на тие деца и претпоставува дека сите негови деца потекнуваат од „серија ембриони“, што значи дека ниту Кристијано не ја знае вистинската мајка на своите деца. Сурогат клиниките рутински оплодуваат неколку јајца одеднаш, ги замрзнуваат и ги чуваат со години, во случај клиентот да сака повеќе деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

Кабаљеро открива како точно Роналдо можел да дојде до трите деца. Првиот чекор е да се избере една од многуте агенции во Калифорнија, каде сурогат мајчинството стана индустрија вредна милијарди долари, бидејќи тамошните закони се во корист на потенцијалните родители. Така, родителите можат да станат и самци, парови од која било сексуална ориентација и слично. Во Португалија, сурогат аранжманите се забранети со закон, а Роналдо во неговата матична земја се води како неженет.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

Се вчитува...