Амбасадорот на БиХ во посета на ФФМ… (ФОТО)

Во пресрет на претстојниот пријателски натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина кој на 29 мај ќе се одигра во Сараево,  „Куќата на Фудбалот“ и Фудбалската федерација на Македонија  ја посети Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.

На средбата со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ стана  збор и за пријателските односи на двете земји, посебно во спортот.

Исто така се разговараше и за големиот интерес кој владее за претстојниот натпревар меѓу двете репрезентации за кој уште од сега се бара билет повеќе и едно е сигурно, стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево ќе биде исполнет до последното место.

Се вчитува...