Џек Грилиш е во повеќегодишна врска со девојката Саша Атвуд, која сериозно размислува за разделба од фудбалерот по неговите неверства во последните месеци.
Грилиш важел за „добро момче“ додека настапувал во Астон Вила, но ситуацијата драматично се променила откако за 100 милиони фунти се пресели во Манчестер Сити. Како најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата англискиот репрезентативец се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста, а со тоа и на припадничките на понежниот пол.
Таблоидот „Сан“ тврди дека Грилиш само во последните триесетина дена ја измамил Атвуд со две различни девојки, и двете припаднички на британскиот „џет-сет“. Првата е Амбер Гил, победничка на риалити-шоуто „Остров на љубовта“. Весниците пишуваат дека тие веќе имале неколку средби во хотели ширум Англија, од кои последната била во Лидс.
Втората девојка е актерката Емили Атак, со која асот на Сити беше фатен на заедничка фотографија во хотелот „Лоури“ во Манчестер пред мечот со Бриж во Лигата на Шампионите.
Кога си најскап фудбалер во Премиер-лигата, нормално е „папараците“ да го следат секој твој чекор. Грилиш очигледно треба допрва да научи како да живее со тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА