Несекојдневна, урнебесна случка ни доаѓа од Русија каде во промоција на „Epic Fighting Championship“, дедо и вкук се бореа „2 на 1“ против жена борач, Јулија Мишко. Станува збор за 75-годишниот Владимир Спартак, кој наводно учествувал и во војната во Виетнам и неговиот 18-годишен внук – Биг Игибоб.
Борбата која траеше цели три рунди од по три минути се изведе во ММА стил, а „подебелиот крај“ го извлекоа дедото и вкукот кои во неколку наврати претрпеа тешки удари од Мишко.
it’s here and it’s beautiful. first we have Yulia Mishko vs Vladimir Spartak and his grandson BIG IGIBOB. fight goes to distance. #popMMA pic.twitter.com/A7fro1gQEU
— Matysek (@Matysek88) February 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА