Долгогодишниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски денеска беше специјален гостин на Агенцијата за Млади и Спорт, каде му беше врачено признание за особен придонес за афирмација на ркаометот.
Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, кој долги години беше клупски и репрезентативен колега со Миркуловски, имаше само пофални зборови за ракометната легенда.
„За ракометарот нема последна игра!
Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај!Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти!Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра!Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја!
Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот“, напиша Мојсовски на својата фејсбук-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА