„Вечното дерби“ за титула на 1. мај

Еурофарм Пелистер и Вардар одлучувачкиот натпревар за титулата во македонскиот ракометен шампионат ќе го одиграат на 1. мај. Во натпреварот кој најверојатно ќе го даде новиот македонски шампион битолчани ќе влезат со предност, откако успеаја да направат брејк и да слават во првиот меч од Суперлигата 23-24 , одигран во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Доколку стигнат до трофејот „зелено-белите“ тоа за нив ќе биде вкупно седми трофеј во домашната елита, но прв по пауза од 17 години. Од друга страна „вардарци“ се апсолутни рекордери со вкупно 14 трофеи досега.

Овие два тима се најголеми фаворити и за освојување на Куп трофејот, на Ф4 турнирот кој од 13. до 15. мај ќе се игра во Кавадарци.

Се вчитува...