Мартин Велковски поради тешка повреда на коленото предвреме ја заврши оваа сезона, но македонскиот репрезентативец дојде попладнево во салата во Бутел за да им даде поддршка на своите соиграчи на незгодното гостување во Скопје.
Велковки неодамна беше опериран и во се движи со помош на штаки, но тоа не го спречи десниот бек да им посака среќа на битолчани пред еден од најважните мечеви во трката за титулата.
Репрезентативецот е под договор со Еурофарм Пелистер и за наредната сезона и сигурно голема желба му е, како и на сите останати во клубот, во 2022/23 битолчани да настапат во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА