Пролет ја продолжи триумфалната серија во плејаут натпреварувањето откако скопскиот суперлигаш лесно и убедливо славеше на гостувањето против Радовиш со резултат 21-29. Избраниците на тренерот Лембанов одиграа уште еден квалитетен дуел во кој победата воопшто не им беше доведена во прашање, а удобната позитива му овозможи на стратегот на Пролет во вториот дел да им даде шанса и на дел од помладите ракометари во тимот.
Радовиш поведе со 2-0 во почетната фаза од мечот, но тоа беше се што домашниот состав успеа да стори. Аларов и Димов погодија со два брзи гола за 2-2, по што Пролет продолжи со фуриозна игра, набрзина поведувајќи и со убедливи 2-6. Постолов само за момент ја прекина мини-серијата на гостите, но Пролет беше пресилен ривал на оваа средба, продолжи да доминира на теренот, па со цврста одбрана и лесни голови на спротивната страна на одмор замина со водство од 8-15.
Второто полувреме почна со нова мини-серија на гостинскиот состав, кој набрзина стигна до девет гола предност (11-20, 12-21). Пролет загуби на интензитет во одбраната, се почесто грешеше и во нападот, па Радовиш го искористи тоа за да ја преполови негативата, па при резултат 19-23 беше принуден да побара тајмаут на седум минути до крајот. Домаќините дојдоа и до 20-23, но потоа Пролет презеде целосна контрола до крајот на мечот, триумфирајќи со конечни 21-29.
Пецаковски со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, еден помалку постигна Димов, додека во таборот на Радовиш прв стрелец беше Каковски со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА