Бутел е на чекор да ја осигура третата позиција на табелата во завршницата на Суперлигата откако денеска славеше на домашен терен против директниот конкурент за истата, Еурофарм Пелистер 2. Со триумфот бутелци воедно ставија и крај на серијата од два пораза едно по друго кои дојдоа по трагичната смрт на Денис Тот.
По натпреварот еден од предводниците на скопскиот тим, Мирко Мајиќ на социјалните медиуми објави емотивна порака во која победата им ја посвети на прерано починатите Марко Божиновски и Денис Тот.
„Оваа победа ја посветувам на нашите браќа Марко Божиновски и Денис Тот! Знам дека сте горди на сите нас и дека не чувате од небото! Ве сакаат вашите колеги и браќа“, напиша Мајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА