Повеќе од бурен викенд за Вардар и неговите најверни навивачи „Комитите“.
Денеска фудбалските „црвено-црни“ од 17 часот ги очекува дерби дуелот со Воска спорт од Втората лига – Запад кој и дефинитивно треба да даде одговор дали „вардарци“ ќе може да се надеваат на враќање во прволигашкото друштво во пресметката со директниот конкурент за второто место и бараж за елита.
Натпреварот меѓу второпласираната Воска и Вардар ќе се игра на Градскиот стадион во Струга.
Утре, пак, во Битола од 19 часот се игра ракометната дерби-пресметка која ќе одлучува за титулата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.
Според последните најави се очекува околу 200 „Комити“ да бидат присутни во салата „Боро Чурлевски“ во Битола како поддршка за својот тим, наспроти преполниот битолски вулкан кој без сомнение ќе биде силен ветар во грб за Еурофарм Пелистер на патот кон шампионската круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА