Ракометарите на Радовиш направија џиновски чекор напред кон опстанок во елитното друштво откако вечерва славеа на гостувањето против Скопје со резултат 25-29. Станува збор за дуел на два тима кои се наоѓаат на последните две места на табелата (Металург е дисквалификуван и се сели во понизок ранг на натпреварување), а цела е да се избегне последната позиција, која значи учество во баражот за опстанок.
Скопјани имаат за што да жалат, особено ако се знае дека во финишот од првото полувреме во неколку наврати имаа предност од по четири гола, што ја прокоцкаа во завршницата и на одмор се замина со израмнети 14-14. Дуелот беше решен кон средината на второто полувреме, кога по израмнетите 18-18 гостите направија серија од 1-5, се одлепија и знаеја како да ја задржат предноста до самиот крај.
Постолов со осум гола беше прв стрелец на Радовиш, по шест постигнаа Каковски и Ристовски, додека Леонид Киселовски со 12 гола беше убедливо најдобар поединец во редовите на поразениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА