Ракометарите на Вардар со убедлива победа од 23-33, фуриозно го „прегазија“ Бутел во рамки на претпоследното коло од македонската ракометна лига. Актуелниот првак ја одржа предноста пред ривалот Еурофарм Пелистер, па сега во последното коло на домашен терен ќе треба да слави над Тиквеш, за нов шампионски трофеј во клупските витрини.
„Црвено-црните“ својата решителност за победа ја покажаа уште на стартот од овој двобој. Со цврста одбрана и прецизност во нападот направија солидна предност која ја чуваа до самиот крај од првото полувреме, 12-16.
Фаворизираните гости уште повеќе ја зголемија предноста во вториот дел, победнички пристап на игра со кој во целост ги откажаа домаќините. По ваквиот исход, „црвено-црните“ направија уште еден голем чекор до освојување на титулата.
Кај домаќините се истакна Мирко Мајиќ со шест гола, кај гостите Тимур Дибиров со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА