Доминација: Нова сезона, нова шампионска титула за Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Доминацијата на Вардар во македонското ракометно првенство продолжи и во оваа сезона. „Црвено-црните“ и покрај тоа што се соочија со сериозен противник како Еурофарм Пелистер успеаја да ја потврдат својата класа. Одиграа најдобро кога беше најпотребно, славеа на тешкото гостувањето во „Боро Чурлевски“ сред Битола, одиграа и без грешка до крајот на сезоната па сосема заслужено ја кренаа 15. титула во својата историја.

Истата за Вардар ќе биде седма во низа со што двократниот европски првак и покрај сите проблеми докажа дека е класа на домашната сцена, повторно освојувајќи ја „двојната круна“.

 

Се вчитува...