Со ручек и со подароци за оние кои заминуваат, денеска заврши сезоната за Еурофарм Пелистер. Тимот кој што до крај се бореше за двете титули, на крајот остана без ниту една, откако двете заминаа во рацете на Вардар.
Жељко Бабиќ и деветте ракометари за збогум добија подароци – уметнички дела со мотиви од Битола, а клубот им се заблагодари на досегашната соработка.
На ручекот беа присутни и ракометарите на Е.Пелистер 2 како и академијата на клубот.
„Еурофарм Пелистер со ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22. На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба. Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија Мал битолски монмартр). Клубот на сите ракометари им посакува добро здравје и многу успеси следната сезона.“, се вели во соопштението на РК Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА