Најдобриот македонски ракометар во историјата Кирил Лазаров објави крај на својата богата кариера. Неговото име ќе остане запишано како најголем во историјата на македонскиот ракомет, но и како рекордер во ракометна Европа со достигнувања што останатите уште долго ќе се мачат да ги остварат.
Ракометниот свет му посакува среќна играчка пензија на Кире, а со соопштение излезе Лигата на шампионите.
„Најмоќниот левучар во Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Чист талент во кој можеме да уживаме 25 години. Се пензионира на 42 години, големиот Кирил Лазаров. Ќе ни недостигаш, легендо“, напишаа од ЕХФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

