Младинскиот репрезентативец на Македонија, Сефер Емини ја продолжува својата кариера во данска Сондерјиске.
22-годишниот Емини денеска го одигра последниот натпревар за Македонија ЃП во триумфот против Победа од 4-1, и веќе утре заминува за Данска каде се договори за трансфер во редовите на данскиот второлигаш Сондерјиске.
Претходно, како што е познато, еден од најдобрите фудбалери на „лавовите“ настапуваше и во руски Акрон Тољати, но во зимскиот преоден рок се врати во Македонија ЃП. Сега повторно е пред интернационален предизвик, но во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

