Ракометниот суперлигаш Охрид денеска објави дека ја прекинува соработката со Тоше Ончев и со Стефан Бошкоски, двајца ракометари со кои беа спогодбено рскинати договорите.
Ончев требаше да биде најголемо засилување на охриѓани сезонава, но по тешката повреда и хируршкиот зафат што беше извршен врз левиот бек беше донесена одлука за прекин на соработката, по што се очекува доаѓање на нов ракометар на негово место во блиска иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

