Во Битола беше избрано најдоброто идејно решение за долго очекуваниот спортски комплекс, со акцент на новата сала кој е еден од приоритетните проекти на новата локална власт.
На денешната изложба беа откриени сите пет идејни решенија и со оглед на тоа дека се работеше за конкурес, одбран е и победник. Изложбата на сите пет идејни решенија во Офицерскиот дом во Битола ќе биде отворена секој ден до 31. декември.
Спортскиот центар ќе биде во согласност со сите параметри зададени во Деталниот Урбанистички план (ДУП) за АРМ, Четврт 2, ќе има капацитет од накмалку 5.000 седишта и ќе ги исполнува сите услови за одигрување на меѓународни натпревари.
Следат административните обврски потоа формирање на финансиска конструкција, па потоа ќе може да се зборува за рокови. Ако се оди брзо, можеби 2025-26 година Битола веќе ќе го има на располагање објектот кој ќе исполнува ЕХФ, ИХФ и ФИБА услови. Ќе го има потребниот капацитет, број на трибини и ќе исполнува високи стандарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

