Еден од противниците на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска, Холандија загуби од Франција со 43-32 во контролен натпревар како дел од подготовките за Мундијалот.
Холанѓаните одиграа неверојатно прво полувреме против големиот фаворит. Во триесет минути беа во егал со „галските петли“, а на пауза заминаа со негатива од само еден гол (19-18).
Во вториот дел сепак дојде до израз квалитетот на домаќинот кој на крајот стигна до убедлив триумф од 43-32.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

