Холандија преслушана од Чешка – следните ривали на Македонија губат од селекциите што ги совладавме

Ривалите на Македонија на претстојниот светски шампионат во Полска и Шведска продолжуваат со променливи игри, а интересно е што дел од противниците со кои ќе се сретнеме во Краков во овие финални подготовки претрпеа порази од ривали што Македонија рутински ги доби во баражите за пласман на овој мундијал.

Во текот на вчерашниот ден Романија рутински ја совлада Аргентина, а денеска пораз во подготовките претрпе и Холандија, и тоа од селекцијата на Чешка. Токму Чесите беа ривалот што беше последен совладан на патот на Македонија на овој шампионат, а оваа репрезентација денеска прикажа одлична игра и ги изненади „лалињата“.

Како пресудно се покажа првото полувреме во кое Чешка го исфрли од ритам составот на селекторот Олсон, поведувајќи со убедливи 17-12. Во текот на вториот дел Холанѓаните успеаја малку да ја забрзаат играта и да наметнат темпо што им одговара, но Чешка покажа квалитет и искуство, не дозволувајќи целосен камбек на противникот, за конечна победа од 33-30.

Се вчитува...