Норвешка во топ-форма ќе го дочека претстојниот ракометен мундијал, откако скандинавската селекција забележа три победи на трите средби на турнирот чиј домаќин беше токму оваа земја. По претходните триумфи над Португалија и над Бразил, Норвежаните вечерва очекувано лесно се справија и со тоталниот аутсајдер САД, славејќи со убедливи 43-26.
Скандинавската селекција беше особено импресивна во првото полувреме, набрзина поведувајќи со 14-3, а до 30. минута стигнувајќи до фантастични 27 постигнати погодоци (27-11). Норвежаните се смилуваа на противникот во вториот дел, во кој постигнаа „само 16“ погодоци, чувајќи дел од силите за премиерниот меч на претстојниот светски шампионат, токму против Македонија в петок во Краков со почеток во 20.30 часот.
Бјорнсен беше најдобар поединец во таборот на норвешката репрезентација против САД со девет постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

