Данците можат да здивнат: Менса Ларсен е негативен на вториот тест на корона

Данска ќе настапи комплетна на премиерниот меч на СП 2023, в петок против Белгија, откако Мадс Менса Ларсен доби негативен резултат на повторениот тест на коронавирус.

Одличниот бек беше единствениот што беше позитивен на вчерашното тестирање на данските ракометари, веднаш беше ставен во изолација, но утрово повторно му беше извршено тестирање. За радост на Менса Ларсен и на сите во данскиот табор, повторениот тест беше негативен, по што тој доби зелено светло да се приклучи на остатокот од репрезентацијата и ќе може да настапи против Белгија.

„Одлично, навистина одлично. Го оставам тоа зад себе, едвај чекам да излезам на терен и да играм на мундијалот“, изјави Мадс Менса Ларсен.

Се вчитува...