Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Арсеновски повеќе не е член на Еурофарм Пелистер 2, откако овој ракометар реши кариерата да ја продолжи во странство. Швајцарија ќе биде новата дестинација на овој пивот, откако ги договори условите за трансфер во Амичитија Цирих, по што си обезбеди и спогодбен раскин на договорот со „пелистерци“.
Арсеновски дојде во Битола од редовите на скопски Металург, не успеа да се наметне за место во првиот тим на Еурофарм, па откако мина извесно време во втората екипа, реши да си замине од клубот.
„РК Еурофарм Пелистер 2 ја информира јанвноста дека ракометарот Филип Арсеновски во иднина ќе го носи дресот на швајцарскиот клуб Амичитија Цирих. Клубот и ракометарот дојдоа до коректен спогодбен раскин, иако Арсеновски имаше договор и за остатокот на сезоната. Арсеновски дојде во Еурофарм Пелистер 2 во сезоната 2019/20 и одигра две и пол сезони на високо ниво, со професионален пристап и максимално залагање. Клубот му се заблагодарува и му посакува многу успеси во следните предизвици“, објави денеска битолскиот суперлигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

