Ракометарите на Скопје и на Куманово стигнаа до вторите победи во плејаут натпреварувањето, зголемувајќи си ги значително шансите во битката за опстанок во елитното македонско ракометно друштво.
Скопје за ривал денеска го имаше составот на Прилеп, што избраниците на тренерот Горан Кузманоски го добија по голема битка со 24-22, пред се благодарение на одличното издание на голманот Радовановиќ.
Кумановци направија подвиг на гостувањето против Струга (22-27). Првиот дел беше израмнет, гостите имаа само еден гол предност (10-11), за во вторите 30 минути целосно да биде скршен отпорот на домашниот состав. Мрвовиќ беше најефикасен кај кумановци со шест погодоци, а по пет постигнаа Бечејац и Кастратовиќ.
ГА во скопска пресметка славеше над составот на Јуниор Кисела Вода со резултат 30-25, меч што го одбележа одличниот Дејан Гошевски со 13 постигнати погодоци за победничката екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА