Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на ракометниот суперлигаш ГА, откако денеска беше постигната согласност за предвремен раскин на соработката.
ГА се обиде да влезе во плејофот, не успеа во таа желба, а потоа нешто послабо го стартуваше и настапот во плејаут натпреварувањето, по што следеше одлуката за тренерска смена.
„Ракометниот клуб Голден Арт ја информира македонската спортска јавност дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески. Од името на клубот му благодариме на Матлиески за досегашната соработка и за неговиот придонес во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот, со кој ќе ја продолжи борбата за опстанок во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија“, објави скопскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА