Еурофарм Пелистер и официјално го промовираше своето најново засилување, српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ.
26-годишниот лев бек со битолската суперлигаш потпиша договор до јуни 2024 година. Како што вели, тука е да му помогне на клубот да ја оствари главната цел, освојување на шампионската титула.
„Сакам да се заблагодарам на убавото гостопримство. Мило ми е што дојдов во овој клуб. Гледам дека амбициите се големи и задоволен сум по изработените неколку тренинзи со екипата. Едвај чекам на првата средба, да се претставам пред домашната публика. Се надевам дека ќе го покажам она што клубот го очекува од мене и да му помогнам на екипата да ја оствари најважната цел оваа сезона – шампионската титула. Еурофарм Пелистер е квалитетна екипа и уште во летото кога играв тука како противник испратив пофални зборови за екипата, тренерот и секако за навивачите“ – вели Стевановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА