Куманово прокнижи нови значајни бодови во плејаут лигата од ракометниот шампионат откако по голема борба славеше над скопскиот суперлигаш ГА со минимални 26-25.
Дуелот беше максимално израмнет, гостите од Скопје имаа водство од 12-14 по првиот дел но кумановци усоаја да се вратат и со голот на Тасевски во последната минута да стигнат до победата. Кастратовиќ со десет гола беше најефикасен за победничкиот тим, додека на спротивната страна девет погодоци за ГА постигна Милошески.
До значајна победа во битките за опстанок стигнаа и ракометарите на Прилеп, триумфирајќи над Струга со 31-28. Стружани беа подобар ривал во првото полувреме, на одмор имаа минимално водство од 16-17, но пресудна беше серијата на домаќините од 19-20 до 25-21, со која прилепчани си го трасираа патот до победата. Шокоски со седум гола ги предводеше стрелците во победничкиот тим на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА