ИН МЕМОРИАМ: Почина Филип Христов, човекот кој својот живот му го имаше посветено на ракометот

Тажна вест пристигнува од македонската ракометна сцена, откако животот го загуби долгогодишниот ракометен работник Филип Христов.

Христов најголемиот дел од својата работа во ракометот ја имаше во Ракометниот клуб Металург. Беше задолжен за менаџирање на логистиката во клубот, а имаше и повисоки функции и во машката и во женската екипа.

Филип Христов беше човек со високи морални квалитети што одржуваше баланс, рамнотежа и секогаш наоѓаше идеален начин како да ја исконтролира и врати во нормала секоја ситуација.да биде глас на разум, посредник, советник… неговиот последен ангажман беше во Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...