Поранешниот репрезентативец Ардијан Цуцули, се одлучи да стави крај на кариерата. Фудбалерот кој настапуваше во неколку екипи во Македонија, но и во странство, и кој одигра шест натпревари за „А“ националниот тим на Македонија, се одлучи да ги закачи копачките на клин.
Цуцули како централен дефанзивец и лев бек во минатото играше во Напредок, Влазерими, Победа, Милано, Шкендија, Партизани Тирана, Кукеси, Дрита Гњилане и повторно во Шкендија во последната сезона. Во прволигашката конкуренција има одиграно 217 натпревари. Има две титули првак на Македонија и еден трофеј во Купот.
За селекцијата на Македонија има одиграно шест меча, сите во 2014 година. Беше дел и од младинската репрезентација на Македонија.
„Чудно е чувството, не можам да објазнам. Малку ми е чудно затоа што ја напуштам единствената професија што ја работев цел живот, а од друга страна ми е драго што ја завршувам кариерата во клубот што го сакам. Шкендија останува важен дел од мојот живот, и голема благодарност до сите што ми овозможија да завршам онака как ошто сонував. Горд сум што бев дел од овој клуб. На Шкендија и посакувам се најдобро во иднина“, рече Цуцули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА