Бјелица дава дозвола за трансферот на Алиоски во Трабзонспор!?

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по напуштањето на Фенербахче по едногодишниот заем од саудиски Ал Ахли, би можел да заврши во редовите на Трабзонспор, пренесуваат турските медиуми.

Добро е познато дека Трабзонспор и пред две години беше заинтересиран за Алиоски, трансферот не се реализираше, па сега повторно е отворена опцијата за негов ангажман откако и актуелниот тренер Ненад Бјелица, наводно го посакува неговото доаѓање.

Како што пренесуваат Турците, се чека последниот збор на Бјелица за и дефинитивно трансферот да биде реализиран.

Ако дојде до идна соработка, Алиоски ќе биде втор македонски репрезентативец во Трабзон, по Енис Барди. Претходно се шпекулираше дека мета на клубот е и Валон Етеми од Истанбулспор.

Се вчитува...