ВИДЕО: Феноменален слалом од 50 метри на Красниќи, Шкендија ја победи Горица со 2-0

Шкендија триумфираше со 2-0 на пријателскиот натпревар против хрватскиот прволигаш Горица на дуелот кој се одигра во Горица.

Триумфот на „црвено-црните“ дојде благодарение на подобрата игра во поголемиот дел од мечот, иако главно заслугите одат за засилувањето од Косово, Ендрит Красниќи кој демонстрираше извонредни индивидуални квалитети и ја најави победата.

Токму Красниќи беше стрелец на првиот гол кога во 71. минута реализираше соло-продор од 50 метри, минувајќи неколку противнички дефанзивци, за да на крај прецизно стрела за 1-0.

Во првата минута од судиското продолжение нова одлична акција на Шкендија, Шаља одлично нафрли од левата страна на вториот дирек каде налета младиот Јакупи и прецизно стрелаше од непосредна близина за триумф од 2-0.

Претходно, во првото полувреме Шкендија не реализираше и пенал за водство. Во 35. минута најпрво голманот на Горица, Иван Баниќ, го одбрани ударот од 11 метри на Чинари, но одбиената топка дојде и до Шаља кој осамен од чиста ситуација шутира од десеттина метри за да Баниќ повторно одбрани, и на крај и по третпат повторно Чинари одбиената топка ја испраќа високо над голот на домашните…

Се вчитува...