28-годишниот Сахити, кој игра на деснокрилната позиција, е добро познат за македонската фудбалска сцена со настапите во минатото за Работнички каде пред шест години имаше повеќе од успешни настапи. Во својата кариера, бил дел и од младинскиот тим на француски Марсеј.
Сахити потпиша едногодишен договор со чаирчани, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Сахити сениорската кариера ја почна во Работнички настапувајќи во периодот од 2014 до 2017 година, за потоа да биде дел од Скендербеу, кипарски АЕЛ, бугарскиот Септември Софија, полска Висла Плоцк, Зрињски во БиХ, Шибеник во Хрватска и Лапи, кој е негов последен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА