Брера Струмица потпиша нови договори со Јанкулов и со Ѓоргиевски до јуни 2026

АП Брера Струмица потпиша нови договори со двајца свои млади фудбалери и за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

21-годишниот Ѓеоргије Јанкулов кој игра на десната бековска позиција како и 18-годишниот Мартин Ѓоргиевски остануваат во Струмица продолжувајќи ги договорите за уште три сезони заклучно со 14. јуни 2026 години.

Јанкулов во струмичкиот прволигаш дојде во втората половина на последната натпреварувачка сезона и одигра вкупно 13 меча при што имаше 5 асистенции за гол.

Мартин Ѓеоргиевски, пак, е дете на младинската школа на клубот и во последната натпреварувачка сезона одигра вкупно 19 натпревари при што двапати се запиша како стрелец на дуелите против Шкендија и Победа. Тој е дел и од македонските младински репрезентации.

Се вчитува...