Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски, по кратката епизода во ерменски Пјуник, повторно се врати во шампионатот на Кипар, овој пат потпишувајќи за Етникос Ахна.
32-годишниот Спировски потпиша едногодишен договор до јуни 2024 година, со клубот во кој брани и поранешниот македонски репрезентативец Мартин Богатинов.
Спировски повторно се враќа во Кипар каде во сезоната 2021/21 настапуваше за АЕК Ларнака. Претходно во својата кариера има настапи и за Пелистер, Работнички и Вардар во македонскиот шампионат, како и за унгарските Ференцварош и МТК, израелски Хапоел Тел Авив како и украински Мариупол.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА