Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи го донесе Босанецот Дамир Ибриќ за нов спортски директор пресрет на новата сезона.
Ибриќ во кариерата бранеше за р, турските Трабзон, Генчербилиги и Коџаелиспор, романска Конкордија, играше и во Малезија, Кина, а откако ја заврши кариерата во 2017 година беше четири години помошен тренер, а во последните две години работеше како спортски директор во Малатија.
„Среќен сум што доаѓам во клуб со традиција, клуб кој бил првак и освојувач на Купот, добро организиран клуб, кој секоја година е кандидат за титулата и за Европа. Ќе работиме за да оствариме големи успеси, да играме групна фаза во Европа и да оствариме уште повеќе успеси во иднина“, рече Ибриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА