Комити се пофалија: За 24 часа преку 500.000 денари собрани за Вардар

Навивачката група „Комити“ која целосно го презеде Вардар, се пофали дека за 24 часа успеале да соберат 500.000 денари од акцијата „Купи сезонски билет за 1000 денари“.

 Вардар се наоѓа во тешка ситуација откако е во долгови поради недомаќинската работа на претходните сопственици Сергеј Самсоненко и Слободан Крстевски, а „Комитите“ на секој начин гледаат да му помогнат на клубот кој е гордоста на Скопје.

Се вчитува...