Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блесна на најдобар можен начин во своето европски деби во кариерата!
Миовски беше најзаслужниот за ремито (2-2) на Абердин на гостувањето против Хакен во Гетеборг во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на Европа. Шкотскиот тим имаше негатива од 2-0 се до 75. минута, а потоа блесна Македонецот кој со прекрасен гол и со луцидна асистенција донесе реми за својот тим.
Бојан имаше и силна македонска поддршка во Гетеборг. На трибините на „Хисинген арената“ и околу десеттина Македонци кои се најдоа во зоната заедно со навивачите на Абердин.

Пред и по мечот не изостана и неизбежна неколкуминутна дружба со Бојан Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

