Абердин го слави Миовски – играчот на мечот во Шведска: Сонот за групи во Лига Европа се уште живее!

Абердин го слави македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој успеа да го одржи сонот на шкотскиот тим за настап во групната фаза од Лигата на Европа.

Шкотите имаат 2-2 по првиот натпревар од плејофот против шведски Хакен, благодарение само на извонредната партија на Миовски кој со гол и асистенција го остави својот тим во живот.

Миовски без конкуренција е прогласен за играч на натпреварот добивајќи оценка 9, единствен од сите актери на синоќешниот натпревар од двата тима.

„Македонскиот напаѓач ја одигра најдобрата своја партија во дресот на Абердин. Беше неверојатен начинот на кој го врати тимот во живот. Постигна гол, потоа извонредно асистираше за реми и извлече исклучување за противнички фудбалер. Бојан без конкуренција го заслужи епитот – играч на натпреварот“ – се коментарите на сите медиуми од Островот.

Се вчитува...