Италијанските медиуми ги објавија деталите на понудата од страна на Лајпциг за Елиф Елмас. Меѓутоа Наполи не се согласи, иако понудата била сосема солидна.
Иако пред неколку дена се пишуваше за понуда од 30 милиони, сега е откриено дека понудата е повеќе од споменатата сума, ако се вклучат и бонусите кои ги нудел германскиот тим за Наполи.
Во клаузулата наводно имало и бонуси за тимот доколку екипата има успех во првенството, во Купот и во Европа, како и за учинокот на самиот играч, но конкретни детали околу бонусите не се споменуваа. Со тоа сумата можела и да надмине 35 милиони евра. Меѓутоа за Наполи и за сопственикот Де Лаурентис ниту тоа не било доволно.
Елмас со ова веројатно и натаму ќе остане дел од Наполи. Тој не играше како стартер во првиот меч во Серија „А“, а влезе во игра во последните 15 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА