Илчо Наумоски од сезонава е Извршен директор на австриски Мауерверк!

Едно од најпрославените македонски фудбалски имиња Илчо Наумоски е именуван за нов извршен директор и потпретседател на Мауерверк, клуб кој се натпреварува во Третата лига на Австрија.

Наумоски, кој изминативе две години како тренер го водеше тимот, сега ја доби извршната менаџерска функција со одговорност и за спортскиот дел од раководството на клубот.

Илчо Наумоски се прослави како фудбалер на австриските ГАК Грац и Матерсбург, а беше незаменлив повеќе од десет години и во нападот на македонската репрезентација. Претходно, во својата тренерска кариера, покрај на клупата на Мауерверк, работеше и во познатата академија на Шангај СИПГ во Кина, во координација со славниот австриски репрезентативец Пол Шарнер. Беше дел од стручниот штаб и на српскиот суперлигаш Динамо Врање, а го водеше и тимот на Локомотива во Македонија.

Се вчитува...