Саутемптон заинтересиран за Миовски, Абердин ја одреди цената

Екипата на Саутемптон се интересира за македонскиот напаѓач Бојан Миовски. Според англиските медиуми, Саутемптон контактирал со Абердин за да го види расположението на шкотскиот тим за продажба на својот прв голгетер.

Според информациите, Абердин се надева дека ќе добие 4 милиони евра за услугите на напаѓачот. За него имаше интерес од неколку екипи.

Миовски продолжи со одличните игри и сезонава. Тој постигна гол и запиша асистенција на европскиот меч против Хакен кој заврши без победник 2-2, и Абердин има шанси да се пласира во групната фаза во Лигата на Европа.

Се вчитува...