Леонард Жута се врати во Шведска, ќе игра за Бромапојкарна

После две години минати во Норвешка, во тимот на Валеренга, некогашниот македонски репрезентативец Леонард Жута се врати во Шведска и потпиша со Бромапојкарна.

Договорот со овој тим е на две години, до 2025 година. Ова ќе биде само вториот клуб за Жута во Шведска, откако претходно во два мандати го носеше дресот на Хакен, кој беше негов клуб од 2012 до 2015 и во 2020 година.

„Доаѓам во амбициозен тим кој игра добар фудбал. Чувствувам дека можам многу да научам од тренерите. Убаво е дад се вратиш дома. Носам со себе големо искуство играјќи во странство“, рече Жута.

Во својата кариера Жута играше во Ријека, Коњаспор и Лече. За Македонија има одиграно 15 натпревари, а последен пат во 2018 година. Од тогаш го нема во националниот тим, иако имаше шпекулации дека ќе биде повикан за септемвриските квалификации против Италија и против Малта.

Се вчитува...