Барди по двата гола: Се чувствувам многу добро оваа сезона

Енис Барди беше херој на Трабзонспор во дуелот со Касимпаша во кој постигна два убави гола во победата од 5-1.

Барди, кој се очекува да ја носи и капитенската лента на Македонија по отсуството на Стефан Ристовски, вели дека многу добро се чувствува оваа сезона, за разлика од минатата.

„Мислам дека оваа сезона имам добар почеток, за разлика од претходната. Многу сум тажен што на нашите навивачи не им прикажавме ваква игра минатата сезона. Кога сте среќни на теренот, тоа се одразува и на играта. Сакам да се оддолжам за довербата која тренерот ја има во мене“, вели Барди.

Иако имаше многу шпекулации околу негово заминување, сепак, на крајот Барди остана во Трабзонспор и се очекува да биде еден од главните носители на играта.

Се вчитува...